Супер храна за мозокот: Авокадо за добра меморија, куркума за концентрација

6 септември, 2020
35652_big

Храната што ја јадете секој ден може да го зајакне вашиот имунитет, да ви помогне да се справите со стресот, па дури и да го балансирате нивото на хормоните, а сето тоа позитивно влијае на здравјето на мозокот.

Здравата и урамнотежена исхрана е клучот за квалитетен живот и добро здравје. Одамна е познато дека храната може да послужи и како лек и има многу видови храна што може да имаат позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Значи, постојат одредени намирници кои можат да ја подобрат работата на мозокот. Од друга страна, постојат оние намирници кои можат негативно да влијаат на вашата концентрација или да предизвикаат други непријатности како што се болки во стомакот и слично. Поради оваа причина, многу е важно да се грижиме за тоа што јадеме и да следиме како одредена храна влијае на нас и на нашето здравје.


Авокадо за добра меморија

Една од најдобрите намирници што има исклучително добар ефект врз работата на мозокот е авокадото. Ако имате проблеми со меморијата, вклучете авокадо во вашата исхрана, бидејќи тие содржат високо ниво на здрави масти. Ова ќе има позитивен ефект и на нивото на шеќер во крвта и на состојбата на кожата. Покрај тоа, авокадото содржи и витамин К и фолна киселина, кои го штитат здравјето на мозокот и помагаат во подобрувањето на меморијата и нивото на концентрација. Можете да додадете авокадо во салати, смути или да направите фин тост со него.


Цвекло за интелигенција

Зеленчукот што е исклучително здрав и денес е потценет е цвекло. Можеби не е на врвот на листата на вашата омилена храна, но дефинитивно треба да го вклучите во вашата исхрана ако сакате да ги подобрите вашите ментални способности. Цвеклото ги намалува различните воспаленија и со тоа му овозможува на мозокот да работи подобро и поефикасно. Освен во зимница цвеклото може да го користите и на други начини – направете сок од него, правете салати или намази.

Куркума за фокус и подобра функција на мозокот

За да бидете фокусирани, свесни за вашето опкружување и да бидете во тек со сите задачи и одговорности, треба да бидете брзи, внимателни кога станува збор за деталите и способни да ги предвидите промените. Затоа треба да го зајакнете вашиот мозок и да го подобрите нивото на концентрација и тука ќе ви помогне куркумата. Овој вкусен зачин е исклучително здрав и го зголемува нивото на антиоксиданти кои го штитат имунитетот и го подобруваат протокот на кислород до мозокот. Ова ќе ви помогне да останете фокусирани, свежи и подобро да забележите сè што се случува околу вас. Можете да додадете куркума во многу јадења, особено супи и чорби и многу популарен пијалок од куркума, попознат како „златно млеко“.

escort - Korsan taksi