Супер трик: Вака чувајте ги теглите во фрижидер за храната внатре да не мувлоса

12 април, 20200
tegli

Една жена открила како теглите треба да се чуваат во фрижидер така што храната во нив не би мувлосала, а тоа го потврдија и експертите!

Во овој момент скоро целиот свет купува повеќе храна од вообичаеното и прави резерви. Ова е причината зошто триковите што помагаат подолго време да се одржува храната свежа се добредојдени.

Кога станува збор за храната што ја чуваме во тегли, има еден многу едноставен трик што ќе ја спречи да мувлоса. Сè што треба да направите е да ја чувате теглата наопаку во фрижидер!

Една жена го сподели овој трик на Фејсбук: „Одличен совет за храната која ја чувате во тегла да не мувлоса. Кога ќе ја отворите теглата, по користење затворете ја и чувајте ја наопаку во фрижидер.”

Додека другите жени го пофалија овој совет и потврдија дека успешно го пробале, експертите велат дека трикот навистина „функционира“.

Микробиологот Кети Моар објасни дека со свртување на теглата наопаку, т.е капакот да се сврти надолу, површината на којашто би се појавила мувла сега се притиска на капакот, така што не може да помине многу воздух кој е потребен за да се појави мувлата.

Покрај тоа, за да го продолжите рокот на траење на храната, микробиологот советува дека секој пат кога ќе јадете храна од тегла треба да земете чист прибор и теглата да ја чувате отворена што е можно пократко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi