Суви масла – најдоброто решение за нега на кожата во топлите летни денови

1 јули, 20200
essential-oils-3084952_1920-1536x571

Густите креми за нега на лице и тело се едноставно непрактични во текот на летото, кога температурите се многу високи. Ако користите лосиони, непријатното чувство на масна кожа и лепливост ќе ве придружува со часови.

Овој проблем ќе го решите со употреба на суво масло!

Тоа е брзо апсорбирачко и хидрантно масло, особено погодно за употреба во топлите денови. Иако на прв поглед звучи противречно, терминот суво масло се користи за да се опише не самото масло, туку чувството на кожата по неговата примена.

Имено, по нанесувањето се добива впечаток дека кожата е мазна и не-масна. Така наречените влажни масла, првенствено кокосовото, кога се нанесуваат на кожата, создаваат бариера којашто ја задржува нејзината влажност правејќи ја кожата мрсна.

За што всушност се наменети сувите масла?

Сувите масла може да се нанесат на сите делови на телото на кои им е потребна хидратација. На ноктите и косата ќе им бидат пријатни исто колку и на кожата, а  се користат по туширањето. Ако ставите неколку капки суво масло на вашата дланка и ги пројдете со прстите низ косата, лесно ќе ги смирите разбушавените прамени. Ќе и обезбедите и дополнителен сјај и на вашата коса.

Сувото масло е вистинскиот избор за летните денови, но не треба да ја заменува хидратантната крема за лице што ја користите во текот на ноќта. Ова е период кога клетките интензивно работат на санација и обновување на кожата, а апсорпцијата на хранливи материи е најголема во тоа време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *