ТАА е најубаво облечената жена на светот: Убава, талентирана и беспрекорно стилизирана!

30 април, 20200
мода

Таа, според модните експерти, е најдобро стилизираната славна личност.

Оскаровката Џенифер Лоренс (30) има неоспорен актерски талент и харизма – во филмовите Joy, Red Sparrow, Mother, Passengers и In good and bad ја потврдила нејзината неповторлива дарба и автентичен актерски израз, така што никој не може да ѝ го даде само епитетот „убаво лице на Холивуд“.

Лоренс, исто така, е и жена чиј стил не поминал незабележано, а нејзините модни избори не ги пропуштиле будните очи на модните експерти како што се Ана Винтур и модните дизајнери, кои ја прогласија за најдобро облечена и стилизирана жена на светот.

Актерката, која е исто така и заштитно лице на престижната модна куќа Кристијан Диор, се појавува на настаните во комбинации кои не оставаат без здив – од фустани, преку додатоци, па сè до фризура и шминка.

Сепак, нејзините парчиња гардероба, во кои доминираат фустаните, се навистина прекрасни.

Џенифер не експериментира премногу со бои и модели и нејзиниот стил не е нападен, туку доволно провокативен за да ја истакне нејзината фигура и да привлече погледи – што дефинитивно ѝ успева.

Ова е листата на Топ 10 најдобро облечени жени, ќе забележите дека е составена од актерки, со исклучок на една пејачка, една принцеза и една дизајнерка.

  1. Џенифер Лоренс
  2. Ема Стоун
  3. Кристен Стјуарт
  4. Ема Вотсон
  5. Блејк Лајвли
  6. Анџелина Џоли
  7. Кејт Мидлтон
  8. Кети Пери
  9. Џенифер Анистон
  10. Викторија Бекам

Што мислите вие?

Дали се согласувате со овој распоред на Топ 10 листата на најдобро облечени жени во светот?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi