Таа објави фотографија стара 26 години и сите ги зачуди: „Како сè уште изгледате толку добро и исто“

26 април, 2020
Cindy Crawford

Синди Крафорд објави фотографија стара 26 годинина која позира гушната со нејзиниот сопруг, Ранде Гербер.

Пензионираната манекенка Синди Крафорд уште еднаш ни покажа колку лесно и природно и ’се спротивставува на нејзината возраст, и дека тие не оставаат никаква трага врз неа, затоа што таа изгледа скоро идентична исто како и пред дваесет години.

Поточно, 54-годишната Синди се придружува на еден од најновите виртуелни предизвици кои ги охрабруваат паровите кои со години се заедно да споделуваат фотографии од самиот почеток на нивната врска, идеални фотографии за ова се оние направени на нивните први состаноци.

Така таа во едно од последните споделувања ги натера сите да се насмевнат од уво до уво со фотографија од себе и нејзиниот сопруг Ранде Гербер, направена на плажа во раните 90-ти. Љубовната двојка изгледа совршено додека стојат заедно и се гушкаат еден со друг. Она што исто така се забележува е неверојатната фигура на Синди и нејзината природната убавина во бело бикини со цветови и без грам шминка на лицето.

„Нашето прво патување во 1994 година“, напиша Синди под фотографијата.

Нејзините обожаватели го изразија своето воодушевување во коментарите и им дадоа многу комплименти и ја замолија да им ја даде тајната за убавина и начините со кои таа им пркоси на години.

„Искрено, изгледаш како да не си старела ниту еден ден. Како го правиш тоа?“, Вие сте толку прекрасни. Бевте навистина слатки тогаш и сè уште сте“, „Погледнете ја таа убавина на една слика. Како се уште изгледате исто“, се прашуваа следбениците на Синди.

Синди и Ранде ќе ја прослават својата 27-та годишнина од свадбата следниот месец, при што родителите на 18-годишната ќерка Каја и 20-годишниот син Пресли се движат по стапките на нивните мајки.