Tai – chi идеална активност за позрела возраст

29 април, 2020
Tai Chi NASLOVNA

Медитативна физичка активност таи чи има корисен ефект врз мускулите и целокупното здравје, особено постарите лица или оние кои не трпат интензивно вежбање.

Оваа нежна, флуидна активност ја охрабрува, подобрува рамнотежата, флексибилноста, здравјето на коските и свеста за просторот, намалувајќи го ризикот од паѓање за 43 проценти кај постари лица. Најдобро од сè, овие здравствени придобивки можете да ги почувствувате по само 12 недели вежбање, два часа неделно, според една шпанска студија објавена во научното списание „Journal of the American Geriatrics Society“.