Тие веруваат и во сопствените лаги: Запознајте ги најголемите лажговци во Зодијакот!

18 јуни, 20200
222236_laganje_f

Риби

Воопшто не е тешко Рибите да лажат и измамат други за да го сочуваат својот образ. Овој знак е познат по посесивноста, љубомората и самосожалувањето и сака да предизвика завист кај другите. За нив не е тешко да измислуваат приказни. Тие знаат добро да ја измамат околината, затоа што има малку вистина во секоја од нивните лаги, така што и тие самите веруваат во сопствените измислици.

Близнаци

Близнаците ќе ве лажат лесно, како да е најприродна работа на светот. За час ќе ја изиграат вашата доверба и ќе ве изневерат. Понекогаш тие не знаат што кажале, на кого и кога, па лесно се издаваат. Но, кога ќе сфатите што се случило, веќе сте преплавени со нова лавина измислици. Поради нивната голема разговорливост, без разлика дали сакаат или не, не можат да чуваат тајна. И кога тоа им го откриваат на трето лице, секогаш има малку повеќе зачин. Тие не ја нарушуваат вистината, тие си играат со неа и не ѝ  дозволуваат да излезе на виделина.

Лав

Лавот мора да биде во центарот на вниманието и за да го постигне тоа, тој често ги преминува границите на добриот вкус. Тој е во состојба да лаже, измисли и да ја сведе приказната во своја полза. Дури и ако ги фатите како лажат, тие нема да признаат ништо, дури и ќе тврдат дека сте ги разбрале погрешно. Ќе ве убеди дека црното е бело и ќе испадне дека вие барате “влакно во јајце”. Пазете се од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi