Еве што треба да направите ако ве убоде стршлен

5 јули, 20200
156441_shutterstock-1094148653_ls

Убодот од стршлен знае да биде многу болен, но најчесто не е кобен. Во главно се ќе се заврши со оток кој ќе трае неколку денови. Но понекогаш тој може да предизвика анафелактичен шок, однос алергиска реакција на отров, а тоа е сепак сериозно.

Симптоми и реакција

Убодот начесто предизвикува оток, црвенило и чешање на кожата. Малите убоди поминуваат веќе после првиот половина или час, но ако личноста е осетлива на неговиот убод тогач моше да отече целата рака, нога или местото каде се наога убодот. За да го спречиете ширењето на отровот во телото треба местото со убодот да го дршите високо подигнато. Ако боцката останала во кожата птобајте да ја истиснете и извадите со некој остар предмет или нож. Немојте да користите пинцета бидејќи на тој начин отров само дополнително навлегува во телото, а боцката оди подлабоко. На убоденото место веднаш да ставите ладна облога за да се нмали отокот и да се спречи циркулацијата на отровот во крвта. Во некои случаеви може да се појават реакциите од убодот после 8 до 10 часа така да во секој случај најдобро е веднаш да посетите доктор.

Особено се опасни убодите во грлото или вратот бидејќи тоа може да предизвика тешкотии при дишењето или дури и гушење и во тој случај најдобро е да појдете во болница веднаш. Ободите од отровни инсекти се особено опасни за лица кои се склони на алергиски реакции бидејќи може да предизвикаат анафалектички шок.

Причини за анафалектички шок

  • самото лице е алергично на убоди од инсекти
  • убод на незгодно место може да предизвика гушење
  • доколку пред извесно време веќе ве има убодено стршлен или оса, тогаш вашиот имунитетен систем е преосетлив на алергении повторен убод доведува до анафелактичен шок.

Во овие случаеви е важно да се нагласи дека помош мора да побарате во најблискиот медицински центар за да ви се дадете антишок терапија. Таа терапија може да ја даваат само професионални лица кои со пратење на симптомите ја одредуваат дозата на адреналинот, антихистаминот и кортикостероидот со цел да се неутрализира алергиската реакција.

Во случај да се работи за смрттна опасност во тој момент нема доктор кој би можел да ви помогне бидејќи алергиската реакција може да се ублажи со претходно поготвен адреналин. За тоа доколку сте склони на алергиски реакции или на убоди од инсекти а често одите во природа многу е важно да со себе носите ваква инекција како и таблети антихистамин кој ви се препишани претходно од доктор специјалист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi