Креаторот на НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ: Заработува 20 000 долари на ден затоа што ја знае тајната за совршена линија!

8 ноември, 2020
голем гз

Тој сега откри 5 клучни правила кои носат резултати!

Личниот тренер Ентони Осорио отворено призна дека заработува над 20.000 долари на ден, учејќи ги жените како да го зголемат задникот, а сега се согласи да открие пет клучни совети.

Ентони Осорио, 30-годишник од Калифорнија, целата своја енергија ја насочува да им помогне на жените да постигнат идеална фигура. Успешниот гуру за фитнес, кој е син на родители кои се имигранти од Мексико, сега вози Ферари. Тој редовно објавува мотивациони слики на својот Инстаграм профил каде го следат околу 1,3 милиони луѓе.

Ентони верува дека за да го добиете посакуваното тело, треба да ја промените вашата исхрана и да бидете доследни во тренинзите. Тој гарантира резултати ако ги следите неговите 5 клучни совети!

1.Доследност

Одржувањето тежок и напорен тренинг одвреме-навреме не е доволно за да го добиете посакуваното тело, мора да си имате свој работен ритам што ќе го почитувате.

Конзистентноста е најважна за постигнување на вашите цели – изјави Ентони. Ова важи за се во животот, но особено за фитнесот. Ако не сте доследни, немојте да бидете изненадени кога нема да ги видите посакуваните резултати.

2.Протеини

Вториот битен фактор за Ентони се однесува на исхраната, честопати занемарен фактор за правилно вежбање.

Препорачувам да пиете две чаши протеински шејк дневно. Протеините се неопходни за вашето тело да формира мускули. Обично, луѓето не конзумираат доволно протеини во текот на целиот ден, па додатоците како шејкови сигурно ќе помогнат – објасни тренерот.

3. „Hip Thusr“

Тоа е вежба за задникот што може да ви помогне најмногу. Седнете на подот со подигнати колена. Спуштете ги рацете и главата на клупа или на работ на креветот, па започнете да го кревате и да го враќате задникот.

Ентони верува дека ако треба да избере една вежба што е најефективна, тој ќе ја избере оваа.

4. Кревање тегови

Четвртиот совет на Ентони ќе звучи познато за секој што поминал извесно време во теретана.

Кревањето тегови е нешто од што многу жени се плашат, но тоа е неопходно доколку сакате да ги постигнете своите цели и да имате фит-тело, рече тренерот.

5.Фитнесот мора да биде вашиот стил на живот

Последниот совет на Ентони е „да уживате во процесот“, што може полесно да се каже отколку да се направи.

Направете фитнесот да биде дел од вашиот начин на живот и од вашето секојдневие – беше советот од богатиот тренер.

escort - Korsan taksi