Најдобри идеи за освежување на воздухот без озонер

20 јули, 20200
o

За отстранување на сувиот воздух во вашиот дом помагаат здрави методи за кои ќе ви биде благодарен вашиот имунолошки систем.

  1. Садови со вода на радијаторот

Во стаклени садови ставете вода и истурете неколку капки есенцијално масло од лаванда, еукалиптус, чајно дрво и ментол.

Испарувањето на водата ќе ја зголеми влажноста на воздухот, додека есенцијалните масла, кои покрај нивниот пријатен мирис имаат важни антивирусни својства, особено врз респираторниот тракт, но и врз елиминацијата на замор.

  • Проветрување на просториите

Основно правило  во проветрувањето на просториите во зима и зголемување на влажноста е времето во кое ги држите прозорите отворени зависно од надворешната температура.

Поточно, колку е постудено надвор, толку помалку отварајте ги прозорите, бидејќи чистиот воздух кој влегува во просторијата во моментот станува сув и ја црпи постоечката влажност во воздухот. Решението е да се проветруваат просториите до три пати на ден во кратки периоди.

  • Алиштата сушете ги покрај радијаторот

Наместо да ги сушите алиштата во скриено подрачје, користете ги како природен овлажнител. Жицата за сушење на  облека поставете ја што е можно поблиску до радијаторите, водата од алиштата ќе испари и во исто време ќе ја одржува влагата во воздухот.

  • Зовриена вода со кора од цитрус

Ставете вода во тенџере и во неа исечете кора од портокал или лимон и оставете да зоврие. Испарувањето ќе ја подигне влажноста на воздухот, а миризбата на цитрус ќе ви го подигне расположението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi