Неколку детали до совршена спална соба

6 јуни, 20200
км

Во просек, на Инстаграм секојдневно се споделуваат околу 80 милиони слики, поради што оваа социјална мрежа, меѓу другото, стана важна платформа за внатрешен дизајн. Многу луѓе бараат инспирација преку Интернет, со цел да ја претворат својата спална соба во простор што ќе ги воодушеви сите. Врз основа на десетици илјади слики на оваа социјална мрежа, беше спроведено истражување за тоа кои елементи ја прават една спална соба совршена, па ќе издвоиме неколку идеи

Најпопуларната категорија од сите спални соби е постелнината, но не секоја, туку белата. Оваа боја и дава на собата светлина и чувство на просторност. Ако се одлучите за бели постелнини, секогаш ќе имате чувство на чистота и елеганција, пишува Home’s and gardens.

Велат дека „големината не е важна“ но кога станува збор за креветите, ова е исклучително важен фактор. Големиот кревет е особено погоден за парови, затоа што на секого му дава доволно простор за удобно спиење. Покрај тоа, секоја соба изгледа многу подобро ако е украсена со кралски кревет, наместо обичен кревет.

https://www.instagram.com/p/CA-TpcBlZiu/?utm_source=ig_embed


Важно е спалната соба да биде светла во текот на денот, а тоа секако е можно само со помош на широки прозорци. За да имате секогаш доволно светлина, важно е да не ги затемнувате вашите прозорци со непотребни тешки завеси или мебел, туку целосно да ги ослободите и да оставите сонцето да заблеска во вашата соба.

Со додавање на неколку украсни перници, вашиот кревет, како и целата просторија, ќе изгледа поубаво. Украсете го креветот со овие перници и веднаш атмосферата на спалната соба ќе биде уште попријатна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi