Ова е единственото нешто што може да го подобри вкусот на вашето вино!

20 декември, 2020
crno-vino-1-825x510


Колку и да сакате вино, веројатно сте налетале на барем еднаш на некое кое не било баш по ваш вкус

Но, добрата вест е дека една неодамнешна студија конечно ја разјасни популарната легенда дека сирењето може да го подобри вкусот на скоро секое вино. Околу 30 експерти за вино учествуваа во оваа француска студија, која подоцна беше објавена во „Journal of Food Science“. Нивната задача беше да проценат 4 вида вино (2 црвени и 2 бели) пред и по конзумирање на разни сирења.


По консумирањето на сирењето, вината во повеќето случаи добија подобра оценка (т.е. испитаниците проценуваа дека имаат подобар вкус), а не е забележан ниту еден случај во кој виното имало полош вкус по консумирањето на сирењата. На пример, комбинацијата на црвено вино и сирење му даде на виното попријатен вкус и повеќе „овошни ноти“.

Истражувачите заклучиле дека виното ќе добие попријатен вкус кога и да го комбинирате со сирење, без оглед за кое сирење станува збор!