Тој не е незрел, туку ментално нездрав- кога мажот се однесува вака, време е да се загрижите!

7 август, 20200
маж

Луѓето често мислат дека мажите се незрели, а тие се едноставно ментално нездрави. Не се работи за тешки психички пореметувања. Таквите луѓе имаат мали психички проблеми како депресија, анксиозност и сл.

Историјата на една врска

Иван живеел со мајката до моментот кога ја запознал Лена. Имал 35 години. Без сомнение и понатаму би живеел со мајка му, да не ја сретнал неа. Лена живеела убедена дека задача на секоја жена е да привлече и задржи маж.

Квалитетен маж не ја привлекувал, а не и бил ниту важен. Бидејќи лена мислела дека Иван е добар улов, не приметила дека тој не е сосема психички здрав.

Таа не се запрашала зошто Иван живее со мајка му и зошто тој никогаш не планирал да се пресели и да живее со неа. Не била ниту изненадена што тој зад себе има пропаднат брак и деца за кои не се грижи.

Лена замижала пред сето тоа

А дали и таа била инфантилна? Не. Жената заработувала уште од рана младост, штедела за себе, живеела во изнајмен стан и немала долгови.

Иван бил како глина во нејзините раце. Не морала многу да се труди, тој правел се што таа сакала. Неактивен како амеба, досаден како дожд. Без хобија и интереси, без амбиции и цели.

Таа одлучила да влезе во врска со таков маж заради притисокот од општеството дека жената треба да се омажи, да раѓа деца и да и помине времето…

Кога човек не е инфантилен, туку едноставно ментално нездрав!

Иван се преселил кај Лена во станот. Тој работел слабо платена работа, без одговорности и преголеми обврски.

Кога доаѓал дома, јадел она што го зготвила сопругата, гледал телевизија, интернет и си легнувал.

Лена правела се останато. Работела прекувремено, готвела, чистела, одела да пазари.

Почнала да приметува дека Иван повремено пие, но не му давала значење на тоа. Потоа почнал повеќе да пие. Доаѓал дома пијан. Исчезнувал по неколку денови, таа не можела да го најде.

Тогаш Лена одлучила да исконтактира со неговата поранешна сопруга. Сакала да разговара за Иван, да ги споделат искуствата.

Поранешната жена и кажала дека Иван е алкохоличар, ја советувала да го остави и да не губи време со него.

Лена не можела да замилси да биде разведена жена, па решила да го спаси Иван со помош на љубов.

Со текот на времето Иван ги потрошил сите пари, а алкохолизмот земал залет. Лена одлучила да побара стручна помош.

Докторот и објаснил дека луѓето склони кон зависности имаат некаков вид на ментално пореметување. Тие се исполнети со внатрешни проблеми, се плашат од животот, обврските, анксиозни се имаат искривена слика за светот, емоционално нестабилни се…

Тогаш Лена одлучила да го врати Иван на мајка му. Сфатила и зошто тој бил таму толку време.

Мајката го бранела, хранела и се грижела за него, не барала да плаќа за станот и не го терала да работи повеќе.

Единствено што не направила мајка му е тоа што навреме не го однела на психијатар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *