Топ трикови за полесно секојдневие

16 јули, 20200
трик 1

Ако редовно се шминкате, ќе се изненадитево кои се ситуации, она што го имате во вашата чанта може да биде многу корисно: лак за нокти ќе прицврсти копче, крема на сончање ќе избрише маркер…

1. Пастата за заби ќе исчисти пегла за алишта

Ако вашата пегла на некои места има траги на „палење“ од ткаенината, за да не ја валка облеката, исчистете ја со паста за заби.

2. Лосион за тело ја негува кожната торба

Повремено, добро е да ја навлажнете односно негувате кожната облека и ташни ако сакате тие да траат подолго. Постојат многу производи кои се дизајнирани да го прават токму тоа, но ако ги немате при рака, можете да користите лосион за тело или навлажнувач. Само имајте на ум дека тие треба да бидат без алкохол, бидејќи може да ја нагризаат кожата.

3. Лак за нокти може да спречи паѓање на копчето

Ако ви се случи да морате итно да се подготвите и излезете, а копчињата на маицата или кошулата висат, можете да ги прицврстите со лак за нокти. Внимателно ставете капка лак на конецот што го зацврстува, што всушност ќе го „залепи“ копчето за кошула. Ќе биде добро некое време.

4. Вазелинот ги “поправа“ исушените краеви на косата

Кога имате испукани врвови на вашата коса, вашата коса е слаба и потешко е да ја постигнете саканата должина. Во оваа ситуација, само нанесете гвазелин на врвовите и почекајте еден час, а потоа измијте ја косата. Не само што ќе забележите одличен резултат веднаш, туку вашата коса ќе блеска, ако продолжите да го правите тоа често.

5. Четката од маскарата е добра за ексфолијација на усните

Четките за маскара се одличен пилинг за усни. Исчистете старо користено стапче, потоа на усните нанесете малку шеќер и маслиново масло и тријте со стапчето. Усните ќе бидат кздрави и без сува кожа.

6. Кремата за сончање ги отстранува дамките од маркерите

Ова е многу корисна алатка за сите родители: Ако вашето дете е уметник и сака постојано да црта со маркер, ќе го отстраните со крема за сончање. Можете дури да користите и крема со поминат рок, па затоа е добра идеја да ги зачувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi