Треба да ги запомните овие златни правила ако сакате поголема мускулна маса!

12 јуни, 20200
п,чл,чл,

Ако сте почетник кога станува збор за градење мускули, постојат неколку работи што треба да ги направите покрај кревање тегови. За да ја постигнете вашата цел, еве пет златни правила.

1. Внимавајте на внесувањето протеини

Протеините се неопходни за градење мускули. Возрасните треба да консумираат 2,2 грама протеини на килограм телесна тежина секој ден, доколку нивната цел е да ја зголемат мускулната маса. Но, со тоа не треба да се претерува затоа што има последици. Бидете внимателни при внесот на калории. Протеините треба да сочинуваат од 15 до 20 проценти од дневниот внес на калории, а остатокот треба да бидат јаглени хидрати и масти.

2. Јадете повеќе помали оброци

Не фокусирајте се на еден обилен оброк. Стручен совет е да јадете повеќе помали оброци на ден. Тоа ќе ве засити и ќе ви даде енергија. Поделете еден поголем оброк на шест помали. Ова ќе го зајакне метаболизмот да согорува маснотии.

3. Не претерувајте со вежбање

За да растат и развиваат, на мускулите им треба одмор. Не вршете притисок и обезбедете си денови за одмор. Мускулите е невозможно да се градат преку ноќ. Тренирајте максимум 60 минути.

4. Променете го пристапот

Ако се обидувате да изградите мускули низ целото тело, променете го пристапот. За најдобри резултати, потребно е секој ден да се посвети на различен дел од телото. На пример, ако ги „вежбате“ рацете во вторник, резервирајте ја средата за нозете. Ова ќе им даде на вашите мускули шанса да се одморат, а вие ќе посветите поголемо внимание на специфичен дел од вашето тело.

5. Променете ја рутината

Телото брзо и лесно се навикнува на рутината и затоа треба да се промени со цел да се забележи напредок и да се зголеми мускулната маса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *