Тренд кој мора да се испроба ова лето: „Baggy“ или широки фармерки

31 мај, 20200
imageedit_38_8718502695

Претходните неколку месеци почнаа да го освојуваат модниот пазар, а сега сите модни куќи ги препорачуваат. Тренди девојките постојано ги носат на многу различни начини, а тоа значи дека треба и вие да ги испробате.

Широките фармерки во класични тексас бои се секогаш најсигурен избор. Еден од начините како може да ги носите е со кратки маички, oversized сако и патики. Тоа е шик избор со кој ќе покажете дека сте девојка со стил.

Доколку се спремате за излегување со другарките, ваков пар фармерки секогаш може да го искомбинирате со интересна асиметрична блуза и високи потпетици. Исто така и впечатлив накит може да ја нагласи оваа модна комбинација.

Друг избор би биле широките фармерки во црна боја, доколку е во склад со вашиот стил. Испробајте ја оваа женствена и секси комбинација, каде што ќе искомбинирате градник од густа чипка и преку него лежерна кошула. Откопчајте за да делумно да се гледа чипката, а потоа изберете сандали со тенки каивчиња, кои одат совршено со оваа комбинација. Можете да додадете дискретни ланчиња кои ќе ја истакнат вашата женственост.

Доколку се спремате за работа, вакви фармерки изгледаат одлично во комбинација со полу-ролка заедно со вашето омилено сако. Искомбинирајте со кожни мокасини, и вашиот аутфит ќе изгледа модерно и тренди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi