Три бои во кои секогаш ќе изгледате гламурозно

9 мај, 20200
boi

Бојата на облеката е исто толку важна како и квалитетот и кројот. На некои бои треба да обрнете повеќе внимание доколку на вашиот одраз во огледало приметите дека фали сјај.

Модата за бои не се менува толку често. Голем дел остануваат тренди и по неколку години се претвараат во класика. Но, тука се и големите и неочекувани промени кога ќе се промени трендот, па на пример, боја која е вообичаено за летни комбинации е тотален тренд за во зима.

Сепак, сакаме да ви го задржиме вашето внимание на три бои кои ја немаат напуштено модната сцена веќе неколку сезони и има голема шанса да останат и во текот на следните. Секогаш со нив ќе изгледате елегантно и “скапо”.

Бела

Не е ниту чудо што белата боја ја преферираат многу познати модни креатори и дизајнери кои при создавање на своите колекции.

Белата е новата црна и можете да ја носите од глава до пети, со додавање на контрастна црна или неутрална беж боја.

Белата е супер комбинација со нежно сина и ива боја.

Бел капут се издвојува секогаш. Со него ќе изгледате како холивудска ѕвезда, бидејќи белиот капут дава елеганција и гламурозност.

Бели панталони или сукња, совршено се комбинира со светли бои.

На неверојатен начин, белите кондури или ташна можат да претворат било кој лежерен изглед во елегантен и префинет.

Црвена

Цевена боја – храбри жени. Привлекува внимание, едноставно ги тера остантите да се свртат по вас. Кога ќе искомбинирате црвено, треба да бидете сигурни дека вашата кожа, коса и шминка изгледаат совршено!

Комбинација од црвена и црна е чиста драма, па добро проценете ја ситуацијата во која сакате да оставите таков впечаток. Во секојдневнио живот, наместо црна, одберете свела беж боја.

Дури и најјаките црвени ташни можат да додадат статус кај нивниот сопственик.

Доколку се одлучите за капут, подобро да нема никаков дополнителе детаљ, бидејќи би бил вишок.

Црвени кондури од лакована кожа? Зошто па да не?

Дури црвен кармин не е премногу. Сепак, ќе биде уште помодерно доколку додадете еден детаљ во бела или светло розева боја.

Морнарско сина

Во неа се заљубивме поради тивката елеганција и можноста за комбинирање со другите две бои – црвена и бела.

Не познаваме ниту едно лице кое во униформа не изгледа “проклето привлечно”. И без оглед на тоа дали е – маж или жена.

Обоено крзно и морнарско сина боја се поинтересна комбинација од црната боја, така да можете самоуверено да носите таков капут.

Темно синиот морнарски изглед е подобар од црниот. За разбивање можете да додадете два различни додатока во црвена и бела боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *