3 beauty трикови кои штедат време и пари

12 февруари, 20200
irina

Ви се чини дека beauty рутините станаа толку сложени што треба да одвоите неколку часа на ден и две третини од вашата месечна плата за да ги постигнете посакуваните резултати? Не очајувајте туку олеснете си го животот и следете ги овие неколку трикови што ви ги претставуваме во продолжение, со кои воедно ќе ви остават време и пари за други радости во животот.

  • Балсамот за усни не е само за усни

Омилениот балсам за за усни секогаш имајте го некаде при рака, бидејќи може да ви послужи за многу работи кои што можеби воопшто не ви паднале на памет. Користете го за да ја скротите непослушната млада коса, додадете малку сјај на очните капаци, хидрирајте ја кожата околу ноктите и веќе сте заштедиле на три производи за убавина. Ако случајно користите балсам во некоја нежна нијанса, слободно пробајте го и на образите.

  • Како да ја поправите оштетената шминка?

 Козметичкиот несесер ви падна на подот и ви се скрши сенката за очи, руменило или камена пудра? Ни случајно немојте да ги фрлате! Наместо тоа, додадете неколку капки изопропил алкохол и соединете го со испакнатата страна од лажицата, како ништо да не се случило! Не тагувајте ни за скршените кармини, едноставно загревајте ги со запалка за да се растопат и оставете ги преку ноќ во фрижидер да се зацврстат повторно.

  • Шампон за суво миење

Не сте утрински тип и кога ќе се разбудите речиси и да доцните на работа, и изгледа дека имате bad hair day? Oвие нервозни утра испратете ги во заборав и пред спиење испрскајте го скалпот со шампон за суво миење, врзете ја косата во пунџа и верувајте дека шампонот ќе делува уште подобро ако му дадете цела ноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi