4 трикови за коса засекогаш млада! Еве што да правите ако сакате да имате коса како на Деми Мур!

13 април, 20200
деми

Косата која е сува, без сјај, ја губи густината и волуменот, лесно пука, значи нејзино стареење, како и намалена способност за ревитализација. Покрај надворешните штетни влијанија, како и самите токсини од организмот, нашата коса старее побрзо и поради инвазивните третмани како што се сушењето со фен, фарбањето и бланширањето.

Еве неколку совети за да го спречите стареењето на косата:

Заштита од топлина

Фенот е еден од најголемите непријатели на вашата коса-ја извлекува влажноста од косата и ја суши, со што косата станува кршлива и помалку сјајна. Она што можете да направите е да користите препарати кои ја штитат косата од топлина. Тие во својот состав имаат витамин А и Ц, кои ја штитат и хидрираат косата. Обично се нанесуваат по миење, на мокра коса, по целата должина, а особено на врвовите кои се најизложени на оштетување.

Заштита на кожата на главата и коренот

Кожата на главата и коренот на косата се многу важни и доколку не им обезбедите соодветна нега, ни останатиот дел од косата нема да изгледа здраво и сјајно. Важно е кожата на главата повремено да ја чистите од насобраните нечистотии, а тоа можете да го правите со раствор од лимон и млака вода, или раствор од сода бикарбона, кои темелно ќе ја исчистат вашата глава. Во негата користете и прородни и благи шампони без парабени, со пантенол, кои имаат смирувачки својства, како и витамин Е кој ги обновува оштетувањата. Исто така, еднаш неделно можете да ја третирате косата со маска од кокосово масло, кое темелно ќе ја нахрани вашата коса.

Негувајте ги краевите

Краевите се најизложениот дел од нашата коса и најчесто страдаат први. Многу е важно да ги кратите на секои два до три месеци, бидејќи така косата ќе расте побрзо и ќе се опорави. Исто така, по секое сушење користете масло специјално направено за краевите на косата. Не грижете се, нема да ја измасти вашата коса, само ќе ја заштити дополнително.

Врзувајте ја косата додека спиете

Пред спиење лабаво врзувајте ја косата. На тој начин спречувате да се крши и мрси во текот на спиењето. Косата мора да е лабаво врзана, да не стега од ниту една страна, бидејќи тоа ќе му штети на коренот на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi