Бидете како Клеопатра: Како да направите домашна млечна бања? (Рецепт)

23 јануари, 2021
Kupka-2048x1365

Млекото се користи за нега на тело илјадници години и веројатно сите ја знаат приказната за Клеопатра која се капела во млеко за да остане млада.

„Млечна бања може да направи чуда за вашата кожа. Ја смирува и хидрира кожата, без разлика дали е сува или иритирана “, вели дерматологот Мишел Хенри.


„Млечната киселина делува како блага алфа хидроксилна киселина која помага во ексфолијација и обновување на кожата и отстранување на сувите дамки“, објаснува Мишел.


Исто така, протеините и витамините од млекото помагаат во навлажнување на кожата, како и ублажување на разни воспаленија, од изгореници до осип.

Освен протеини и витамини, млекото содржи и масти и минерали кои се многу важни за нега на кожата, вели Мишел Хенри.

Дали се безбедни млечните бањи?
„Ако сте алергични на млеко или имате многу чувствителна кожа, тогаш не треба да ја користите оваа бања. Исто така, овие бањи не треба да се користат повеќе од еднаш неделно “, објаснува Хенри.

Кој вид млеко е најдобар за бања?
„Можете да користите полномасно млеко , кокос, козјо, или од соја. Кравјо млеко најчесто се користи бидејќи е најевтино, а полномасното е најефикасно во нега на кожата. Се препорачува и козјо млеко “, вели Мишел.

Како да направите млечна бања дома?
Наполнете ја кадата со топла вода, додадете ги потребните состојки и опуштете се помеѓу 20 и 30 минути за бањата да има полн ефект.



Состојки:

2 чаши млеко

1/4 чаша мед

неколку капки есенцијално масло или сол за капење

За пенлива купка, ви требаат:

2 чаши млеко во прав (кравјо или козјо)

3 лажички масло од лаванда или некое друго есенцијално масло

1 чаша обична сол

1 чаша морска сол

escort - Korsan taksi