Дали ја знаете разликата помеѓу поскапите и поевтините козметички производи и дали поскапите производи се поефикасни?

2 август, 20200
proizvodi

Високата цена не мора да значи дека производот е со повисок квалитет, а при избор на вистинските производи за вашата “beauty routine” , советите подолу ќе ви помогнат.

Повеќе пати се имаме уверено дека високата цена не мора да значи и подобар производ, и дека тоа важи и во козметичкиот свет, потврдија експертите кои објаснија за “Byrdie” која точно е разликата помеѓу поскапите и поефтините производи. За почеток, експертите велат дека најскапите производи не мора секогаш да бидат најефективни, без разлика што содржат и некои „ретки“ состојки. Тие тврдат дека поскап производ не мора да значи и подобри формули, а цената е поголема поради средствата вложени во маркетинг услуги, како и подобра амбалажа.

Понатаму, главниот фактор што придонесува за формирање на цената на индивидуалниот козметички производ е концентрацијата на одредени состојки во формулата. На пример, скапите креми за хидратација обично имаат поголема концентрација на ‘добри’ состојки и обично се побезбедни за различни типови кожа и често не содржат мириси кои можат да предизвикаат алергиски реакции, пишува “Byrdie”. При изборот на производ, треба да се внимава дека квалитетните состојки како што се хијалуронска киселина, керамиди, ретинол, ниацинамид и глицерин се на врвот на листата на состојки за секој производ – имено, важно е да се има предвид дека многу поефтини производи имаат исти ефективни активни состојки како и поскапите производи, но не во иста количина, така што ефектот не е ист.

Како заклучок, има многу одлични прифатливи производи, како и поскапи производи што не мора да бидат ефективни. Пред да го купите, истражете го посакуваниот производ, проверете какви состојки содржи, за да не реагира лошо на кожата. Експертите препорачуваат употреба на серуми со подобар квалитет, бидејќи навлегуваат подлабоко во кожата и се поефикасни, за разлика хидратантните креми. Без разлика дали ќе одберете прифатливи или луксузни производи, на крајот на денот важно е само да ги користите редовно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *