Дали користите кокосово масло за нега на косата? Експертите сметаат дека ова не е најдобрата идеја; еве што и прави на косата

20 август, 20200
Annotation 2020-08-20 155800

Кога на косата и е потребна хидратација, користете навлажнувачка маска за коса и производи со пониска pH вредност

Се зборува многу за придобивките од кокосовото масло за нега на коса, но прашањето е дали е навистина толку ефикасно. Гламур разговараше со фризерските експерти кои откриле дали треба да користиме кокосово масло за нега на коса и што се случува кога ќе го нанесеме. Кокосовото масло често се користи за навлажнување на косата, но на косата во овој случај и е потребна влага, односно хидратација, а не масло бидејќи маслото ја одвраќа водата, односно спречува да влезе во косата.

Ако косата е оштетена од прекумерно боење и е слаба и кршлива, потребни се аминокиселини и треба да се избегнува масло. Маслото, особено кокосовото, има тенденција да навлезе во коренот на косата, што често го маскира вистинскиот проблем, а тоа нс косата и одмага затоа што нема долгорочни придобивки, па фризерите советуваат да се избегнува маслото од кокос при нега на косата.

Наместо кокосово масло, користете производи со пониска pH вредност што ќе го намалат затегнувањето на косата, а со тоа и нејзиното кршење. Друга алтернатива на маслата се навлажнувачки маски кои продираат во сувата и оштетена коса и започнуваат долготраен процес на лекување на косата, со што станува поздрава и посилна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *