Доколку сте дома и имате недостаток на козметички препарати – Црвеното вино

23 март, 20200
vine

Црвеното вино е еднo од нашите омилени пијалоци, но и една од омилените состојки што жените ja користат за да се ослободат од темните дамки и други проблеми со кожата. Состојките на црвено вино ќе ја нахранат вашата кожа и ќе и помогнат да изгледа затегнато, свежо и сјајно. Можеби е добра идеја еднаш месечно да се капете во црвено вино и да се ослободите стресот. Она што треба да направите е да додадете шише црвено вино во вашата топла када. Црвеното вино исто така помага да се ослободите од стриите, така што мајките кои неодамна родиле бебе можат да ја користат оваа состојка за да се ослободат од стриите на стомакот.

Еве неколку предлози за тоа како да го користите виното за да ја одржите вашата убавина:

Црвено вино за ослободување од стрии

Ако сакате да се ослободите од грдите стрии, масирајте го стомакот со црвено вино. Доволно е третманот со црвено вино да го правите еднаш неделно и стриите полека исчезнуваат.

Ќе се ослободите од досадните акни на вашето тело

Поради масната храна и загадувањето на воздухот, многу луѓе се борат со мозолчиња кои од време на време се појавуваат на телото. За да се ослободите од акните на вашето тело, натопете памук со црвено вино и допрете над акните. Правете го ова двапати на ден за да се ослободите од акните што е можно поскоро.

Overhead shot of wine being poured away in an act of giving up alcohol

Црвеното вино ги отстранува темните дамки од кожата

Темните дамки на кожата може да се неутрализираат ако се капете во црвено вино двапати неделно. Не нанесувајте лосион за тело на дамките после капењето во вино. За да ги отстраните темните дамки што е можно поскоро, додадете сок од еден лимон во една чаша црвено вино. Масирајте ги дамките со оваа смеса и исплакнете по 15 минути.

Црвеното вино ги отстранува несаканите влакна

Ако сте уморни од депилација и досадните влакна на нозете и рацете, обидете се да масирате со црвено вино. Состојките присутни во виното ќе влијаат на фоликулот, така што влакната ќе отпаднат со леснотија.

Црвеното вино има одличен ефект врз брчките

Виното има одличен ефект врз брчките. Нанесувајте го виното како маска двапати неделно и ќе помогне вашите брчки да бидат помалку видливи.

Црвеното вино ги отстранува проѓирените пори

Ако имате проширени пори на лицето, можете да ги отстраните со помош на црвено вино. Комбинирајте црвено вино и млеко за да се ослободите од овој проблем. Масирајте го лицето со оваа смеса лице еднаш неделно, ќе бидете воодушевени бидејќи порите ќе бидат значително ублажени, скоро невидливи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi