Домашна депилација: Како да го направите тоа како професионалец?

8 април, 20200
domasna depilacija

Бричење, креми за депилација, епилација, IPL методи, ленти за депилација или креми за обелување на влакната? Премногу прашања, особено за оние жени кои поради кризата со корона вирусот се соочуваат со проблем во одржување на своето тело без влакна, без професионална помош. Сепак, со помош на неколку совети може да ја одберете најдобрата метода за себеси и на тој начин безболно да уживате во мазната кожа. А кога ако не сега, во ова време на самоизолација да не се фрлите да истражување на омилени методи за депилација. Среќно!

Оние кои се навикнати да одат на козметичар и да ја користат методата на депилација со восок која нуди подолготрајно решение и која ги изретчува влакната, сега се враќаат на бричењето. Поради ова даваме совети како да се депилирате дома како професионалец.

1. Нега на влакната на лицето и надусните

Влакната на надусните можете да пробате да ги извадите со конец, да ги изчупате со чупалица или да користите траки за депилација. Методата на депилација со конец, онака како што ја работат искусните козметичарки тешко ќе ја совладате. Оваа метода е многу полесно да ја направите на некој друг, него на себеси, а и веројатноста дека ке ги извадите сите влакненца со еден потег е многу мала.

Цупанјето со чупалица е долг процес за кој ви е потребно многу светлина, но и многу трпение бидејќи сепак трае подолго од другите методи. Замислете колку пати треба да го направите истиот болен потег за да дојдете до саканиот резултат.

За крај ни останува отстранување со ленти за депилација за лице. Овие траки е доволно да ги протриете кратко меѓу дланките, со ова ќе ги загреете, потоа ги поставувате на тоа подрачје на кое сакате да ги отстраните влакната (во случајов над усните) и ја повлекувате траката во спротивниот правец од кој растат влакненцата. Обично ваквите сетови со траки/ленти за депилација содржат и влажна марамица со улје со која ќе го остраните вишокот восок што ќе ви остане. После оваа постапка, намачкајте се со крема за да ви се смири црвенилото. Според нас ова е најдобрата метода за надусниците.

2. Депилација на целото тело

Секој козметички салон, нуди депилација за целото тело. Скоро секоја жена кога е во козметички салон се осеќа како дома и целосно се препушта на стручните козметичарки, но кога мора да го направиме ова сами дома, па и не е толку едноставно нели? Депилацијата на цели нозе или бикини зоната може да помине лесно и глатко, ако на таа задача пристапите спремни.

Многу е битно кога ги повлекувате траките да ги повлекувате што поблиску до вашата кожа.

Пред оваа депилација истуширајте се, можете и да направите лесен пилинг на телото за да ги отстраите мртвите клетки од кожата. Должината на влакната не би требала да биде подолга од еден сантиметар. Овие траки ги загреваме исто така со триење меѓу рацете, ги поставувате на телото и влечете во спротивен правец од растот на влакната.

Остатокот од восокот го отстрануваме со влажни марамици со улје, а за смирување на кожата намачкајте алое вера гел или гел/крема за смирување на црвенило и иритирана кожа. Овие траки се големи и лесно можете да ги прилагодите на нозете и рацете. Запамтите да избегнувате депилација пред менструалниот циклус, бидејќи со хормонските промени ќе чувствувате многу поголема болка во текот на депилацијата. Ако сепак се решите за депилација во овој период, користите Sensitive траки за депилирање, кои се наменети за осетлива кожа.

3. Крема за депилација

Иако восокот за депилација е најефикасната метода, бидејќи растот на влакната трае многу подолго и можете да се опуштите неколку недели, има и негативна страна, болката. Во случај да сте преосетливи на болка, стручњаците имаат решение и за вас во облик на крема за депилација.

Жените често оваа крема ја користат со комбијација на восок. Со восокот острануваат поголема површина на влакна (како кај нозете и рацете), а кремата ја употребуваат за нежните површини како пазувите и осетливата бикини зона. Многу е важно да одберете крема за осетлива кожа која е дерматолошки тестирана.

4. Крема за обелување на влакната

Постојат делови на телото на кои влакненцата се многу малце видливи и на кои можете да избегнете депилација. Во ваков случај можете да користите крема за обелување со која ќе ги направите влакненцата уште поневидливи. Откако ќе ја нанесете оваа крема, обично резултатот е видлив после 7 минути на телото, а после 5 на лицето. Неопходно е да ги помешате основата и активаторот во садот и да ги нанесете со шпатулата на саканата локација.

Се надеваме дека ви помогнавме и ќе го одберете правиот избор за вашето тело. ?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi