Имате коса која брзо се масти? Време е да направите домашен шампон кој ќе ве спаси од овој „досаден“ ПРОБЛРМ

29 јули, 20200
masna kosa

Доколку вашата коса брзо се масти, тогаш сме сигурни сме дека сте пробале безброј препарати и ако сѐ уште не сте го пронашле решението, тоа е поради тоа што сѐ уште не сте го пробале овој home-made шампон!

Чајното дрво е одлична лековите билка, а неговата примена во негувањето и убавината е непроценлива. Ова растение го чисти и освежува темето на главата, а со самото тоа спречува вашата коса брзо да се измасти.

Во овој шампон гомела улога има и кокосовото масло кое ја хидрира косата и го поттикнува растот.

Еве како да направите шампон кој на вашата коса ќе и даде свежина и таа ќе изгледа чисто и уредно подолго време:

Состојки:

  • 1 чаша зелен чај (сварен и изладен)
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажици природен течен сапун
  • 1 лажица мед
  • 10 капки масло од чајно дрво
  • 30 мл вода

Начин на подготовка:


Измешајте ги сите состојки, освен сапунот. Добро мешајте се додека не се соединат, па додадете го течниот сапун. Продолжете да мешате. Доколку соединувањето е тешко, можете да користите и рачен миксер.

Нанесете го на мокра коса шампонот и добро втријте го во скалпот и оставете да одстои на главата околу 5 минути. Исплакнете и на крај нанесете регенератор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi