Избегнувајте лимон и оцет за КОЖАТА: Доведуваат до иритација, па дури и површински ИЗГОРЕНИЦИ

27 јули, 20200
Annotation 2020-07-27 145756

Треба да се внимава при изборот на маска

Маските за убавина и сјај на кожата и лицето не се ништо ново.

Девојките и жените со задоволство ги подготвуваат дома според различни рецепти.

Меѓутоа, кога ги подготвуваме, не секогаш размислуваме за некои важни работи, како што се црвенило, изгореници на кожата или дамки.

Треба да се внимава при изборот на маска.

Многу од храната што повеќето од нас веќе ја имаат дома може да ги продлабочи постојните проблеми со кожата, па дури и да предизвика нови.

Она што, според експертите, треба да избегнуваме при подготовка на маски се лимон и други цитрусни овошја.

Многу рецепти за нега на кожата содржат лимон, сепак, според експертите, подобро е да се чува подалеку од кожата, бидејќи лимонската киселина може да предизвика благи изгореници, оставајќи ја кожата црвена, анемична и безживотна, пишува avaz.ba.

Сигурно многу пати ве советувале да ставите паста за заби на мозолчето, сепак, тоа не е најпаметната идеја. Содржи антимикробен триклосан и затоа дерматолозите попрво би го препорачале исклучиво за четкање на забите.

Ист е случајот со сода бикарбона, која исто така се смета за „домашна“ состојка против акни.

И пастата за заби и сода бикарбоната може да доведат до иритација на кожата и воспаление.

Постојат и такви кои подготвуваат тоници базирани на оцет кои ја балансираат pH вредноста на кожата, но тоа сигурно не е препарат што ќе го препорача секој дерматолог.

Оцетот може да има штетен ефект врз кожата.

Може да создаде иритација, силно црвенило, па дури и површни изгореници, како и депигментација како последица на почетната иритација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi