Јогурт и лимон: Одлична комбинација за мека кожа

26 јули, 2020
4

Доколку измешате лимон и јогурт, ќе добиете здрава смеса која вашата кожа ќе ја направи мека и нежна. Овие две состојки имаат и “моќ” на кожата да и овозможат помлад изглед па токму заради тоа се препорачува нивно користење.

Се што треба да направите е да измешате 120мл јогурт со сок од свежо исцеден лимон. Добиената смаса втријте ја на рацете и оставете да отстои десет минути. На крајот измијте ги рацете со млака вода. Доколку ова го правите секој ден, ќе забележите дека кожата на рацете сатнува помека.

Исто така, смесата од лимон и јогурт можете да ја користите за да ја освежите кожата на лицето. За ова ќе ви биде потребно 10мл јогурт и сок од половина лимон. Измешајте ги состојките и втријте на чисто лице. Оставете да отстои пет минути и измијте се со млака вода. По овој третман, вашата кожа ќе изгледа свежо и здраво.