Како да ги обликувате веѓите да изгледаат како од салон за убавина?

11 април, 20200
vegi

Во последните неколку години, веѓите се најдоа во центарот на beauty на светот. Различни трендови ставија свој белег на нивната форма и изглед, од оние екстремно тенки до Инстаграм уредни веѓи. Денес, трендот е неуредни, природни веѓи, кои изгледаат како воопшто да не се занимавате со нив, а познато е дека ваквиот ноншалантен, но сепак убав изглед сепак бара барем малку труд!

Појавата на пандемијата со коронавирусот не принуди нашите омилени активности да ги преселиме во рамките на нашите четири sида и со тоа да ја ограничиме посетата на козметичар, салон за убавина, фризер и сл. Факт е дека некои работи, како гел на нокти, сепак ќе треба да чекаат да се вратат во рацете на професионалци, додека од друга страна, постојат третмани што лесно можеме да ги направиме сами. Убаво и уредно обликувани веѓи придонесуваат за подобар и комплетен изглед на нашето лице, но исто така го прават нашиот изглед поизразен.

https://www.instagram.com/p/BzO3c3olX8s/?utm_source=ig_embed

За да избегнете можни грешки и да ги добиете совршени веѓи, важно е да следите неколку клучни чекори. За почеток, означете го почетокот на веѓите со обичен молив со навалување на моливот вертикално со носот, така што ќе го допре внатрешниот раб на окото. Местото каде што врвот на моливчето се вклопува со веѓите е всушност точниот почеток на веѓите. Надворешниот лак можете да го дефинирате со поставување на моливчето од надворешниот раб на носот сè до надворешниот раб на окото. Ова ќе ја одреди точната точка до која треба да ја достигне веѓата. Со пинцета искубете ги веѓите почнувајќи од дното на работ, однатре кон надвор, придржувајќи се на овие точни димензии за да не ја нарушите нивната природна форма.

https://www.instagram.com/p/B25MLSplzKb/?utm_source=ig_embed

По отстранување на непотребните влакна на веѓите, смирете ја кожата со крем од алое вера за да спречите црвенило. Исто така, ако веѓите ја немаат посакуваната густина, можете да ги пополните сите празнини со сенки за очи или молив за веѓи, а доколку сакате нивната уредна форма да трае цел ден, секогаш можете да нанесете малку сапун на четката за веѓи, така што секое влакно ќе го фиксирате на посакуваното место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi