Како да го исчистите вереничкиот прстен за да свети како денот кога сте го добиле?

25 април, 20200
Naslovna

Да го зачувате вашиот веренички прстен е многу важно за вас – ви претставуваме се што треба да знаете за ќување, чистење и носење на вашиот највреден накит. Но ова вклучува повеќе од носење секој ден, но и да бидете сигурни доколку се сликате да го погодите вистинскиот агол за сликање.

Сара Дикинсон која е менаџер во Mocium, компанијата која можеби ја препознавате со потпис на најдобар изработен накит со одлични агли и спојување на металот со каменот. Тие вереничките прстени ги изработуваат рачно во Њујорк кои се специјални и уникатни. Кој би знаел повеќе за средување на прстени ако не е некој кој го работи тоа. Сара откри неколку трикови од ракавот за одржување на веренички прстени.

Како да го исчистите сигурно прстенот?

Прво пред да земете било какви сретства мора да го знаете потеклото на прстенот, односно од каков материјал е изведен. Многу стандардни опции кои кружат на интернет не се сигурни за зачувување на скапоцениот камен. Прво мора да најдете мека подлога пред да почнете да го средувате, чисто за сигурност да не испадне нешто од прстенот.

Ќе ви треба мека четка (ако земете тврда четка, може да го изгребете) и хемикалија која е наменета за материјалот на прстенот. Заборавете ако сте слушнале дека со паста за зазби или белило или пак хлорин. Доколку го чистите вашиот тоалет со тие хемикалии, тие во никој случај не се за прстенот! Доколку го носите во златари на чистење, тие користат ултрасонични чистачи кои работат на база на вибрација.

На колку време да се чисти вереничкиот прстен?

За повеќето луѓе неделно чистење е идеално. Но, вие ќе треба да го носите вашиот прстен во златара да биде сервисиран и исполилран дополнително доколку сакате да ја обезбедите трајноста на прстенот. Доколку го оставите подолго време прстенот не исчистен, може да фати прашина позади каменот, па тогаш да треба да се расклопи целосниот прстен за да може да се исчисти. Тоа би чинело и многу повеќе.

Дали вереничките прстени го губат својот сјај?

Повеќето камења секако го губат сјајот но доколку барате добро, длабинско чистење, тоа ќе мора да го направи професионалец, односно златар.

Дали прави разлика од каков метал е направен?

Доколку користите правилен чистач за накит, тогаш нема разлика.

Замена на камењата – што доколку некој падне од прстенот?

Доколку приметите дека некој од камчињата не паничете. Погледнете наоколу и доколку ги најдете, веднаш одете на златар. Однесете го прстенот и камчињата (доколку е можно) кај вашиот златар и не го носете на рака до таму.

Кога треба да го вадите вереничкиот прстен?

Најдобар совет е следниот: третирајте го вашиот прстен како свилен фустан.Доколку преземете некоја активност, запрашајте се, дали таа активност би ја правеле во свилен фустан? Доколку одговорот е не, тогаш извадете го.

Како да го зачувате вашиот прстен?

За прстени без скапоцени камења, немате ризик да го изгубите или пак да го оштетите прстенот, па затоа повеќето не го вадат воопшто и спијат со него – како на пример мажите со нивните прстени. Доколку не го носите секојдневно, препорачливо е да се чува во кутијата во која што сте го купиле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *