Како да постигнете неодолива „beach waves“ фризура?

2 август, 2020
waves

Едноставна фризура која едноставно ја обожаваме

Додека некои веќе се на годишен одмор и уживаат во сонцето и морската сол и природната фризура на „beach waves“, нема да бидат изоставени ниту сите оние кои сè уште седат во канцелариите и ги пребројуваат деновите до одморот. Малку неуредна брановидна коса која изгледа како да сте излегле од морска вода е нашата омилена летна фризура, изгледа одлично во сите прилики, дури и навечер со вашиот омилен црвен кармин.

Потребна ви е само соодветна подготовка на косата и со само неколку трикови, ќе ја создадете оваа хит фризура, која одговара ресиси на сите.

Подготовка за коса

Овие кадрици дефинитивно нема да траат на влажна и недоволно исушена коса. Исушете ја косата, а потоа повлечете ги прстите со волуменска пена низ неа, така што косата после стајлингот ја има саканата форма. Пената е најдобриот избор за давање на текстура на косата, бидејќи не е тешка и нема да ја залепи косата.

Исушете ја косата

Сега кога косата е подготвена за саканиот волумен, треба да ја исушите и да ја заштитите косата од оштетување на топлина, нанесете малку спреј кој ја штити вашата коса од прекумерна изложеност на високи температури, а потоа добро исушете ја со фен за коса. Косата мора да биде целосно сува, за да не се оштети дополнително, кога ќе почнете да ја завиткате околу фигарото за коса.

Обрнете внимание на висината на виткањето на косата

Би било идеално да започнете да ги извртувате прамените околу 2-3 см дебели само на висина на очите, за да ја направите фризурата да изгледа што е можно повеќе опуштена. Запомнете дека е подеднакво важно колку пати ќе ја завиткате косата околу фигарото. Колку повеќе пати ја завиткате косата околу пресата или фигарото, толку поцврти ќе бидат кадриците и толку подолго ќе траат. Исто така, никогаш не завртувајте го праменот до самиот крај, краевите мора да останат исправени и да паднат слободно.

Исчешлајте се

Кога целосно сте ја извиткале косата, почекајте неколку минути за да се олади вашата коса, а потоа исчешлајте ја со мека четка за да добиете што е можно поопуштени кадрици. Се разбира, кога ќе завршите со фризурата, целосно испрскајте малку лак за коса за да ги поправите кадриците и да го осигурате нивниот опстанок во текот на денот.