Кога сме помислиле дека сме слушнале сѐ – пристигнува парфем инспириран од менструација!

3 април, 20200
miris

Креаторите тврдат: науката што стои зад овој парфем е исклучително детална – секое есенцијално масло во Period Spirit е внимателно избрано за да помогне во решавањето на вообичаените менструални проблеми.

Шведската компанија позната по менструалните чаши и вежбите со Кегел го лансираше најконтраверзниот производ во историјата на менструацијата наречен Period Spirit, а тоа е првиот парфем инспириран од менструација!

Овој pH-балансиран еликсир содржи дури 401 есенцијални масла, кои со години го усовршуваат  светски познати експерти.

Не само што ја ублажува физичката, емоционалната и духовната агонија, туку лекува и ПМС!, вели Интимини.

„Збогум грчеви, промени во расположението и ноќните желби за кисели краставички и сладолед. Да се биде жена во денешниот свет е стресна, што може да остави белег на нашите тела, но откако ќе го пробате Period Spirit, тие денови во месецот повеќе нема да бидат проблем”, вели овој бренд.

Некои од маслата и нивните ефекти се широко познати, како што се лаванда за релаксација, бергамот за кревање расположение и сандалово дрво за зголемена храброст. Но, постојат некои антички состојки кои, како што тврдат, го прават овој парфем скоро волшебен, вклучително и гераниум, далија и мов што ќе ги направи вашите јајници, бели дробови и мозок да работат во совршена менструална хармонија! Создадена за бесмислено совршенство, оваа мешавина потекнува од вековните француски парфемски ракописи.

Наводно и помага

Благодарение на најновата технологија на екстракција, експертите од брендот Интимина успеаја да ја пронајдат најдобрата мешавина на маслото што се прилагодува на хормоналните промени и им помага на секоја особа која го користи. Релаксирачките и лекувачките молекули се испрскаат преку специјално дизајнираната млазница што ја дистрибуира потребната количина на парфемот. Најдобар начин да ја разберете мантратата на брендот Интимина – „Најдоброто од природата е најдобро за вас“ е да го искусите ова зачудувачко, хармонично и волшебно искуство! Немате што да изгубите, освен несаканите ефекти од менструацијата – повикуваат од Интимина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi