Make up трендови за 2020 година

14 мај, 20200
make up

Кога сакате да заблескате во првите денови на летото, покрај вашата фризура и совршен маникир, треба да посветите најголемо внимание на шминката, а оваа сезона во тренд се светлите бои.

Во жешките летни месеци и шминката треба да се сведе на минимум за да и овозможиме на кожата на лицето да се одмори, сонча и едноставно да дише. Заштитни фактори кај кремите, шминката, сè што користите, се must-have за лето. ББ кремите се исто така добар избор ако сè уште сакате да се шминкате и да го изедначите вашиот тен.

Бронзерите со седефаст-бисерен сјај даваат дополнителен сјај и освежување на кожата, а покрај тоа, сите флуоресцентни бои се идеални за исончана кожа. Нагласете ги усните со сјаен кармин и ставете водоотпорна маскара на очите за да не се „стопи“.

Светлите бои и светките ќе бидат заштитен знак за ова лето, но бидете подготвени за мат варијанти и поприродни бои со доаѓање на есента.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *