Маска што ќе го подмлади лицето за момент: Ја враќа цврстината на кожата, ги отстранува флеките и брчките. Резултатите ќе ве воодушеват!

25 јуни, 20200
тхфхфгх

Несаканите ефекти на сончевата светлина се директно одговорни за предвремено стареење на кожата и формирање на брчки и флеки на лицето, но има и одличен, природен начин како да ги поправите штетите. Маска од праска може да ви помогне во тоа.

Многу е лесно да се подготви, а потребни ви се само три состојки. Првата и најважната е праската. Зошто неа? Ова прекрасно сезонско овошје е вистински резервоар на фолат (кој помага во обновување на горниот слој на кожата), лутеин (кој ја подобрува еластичноста на кожата) и витамин Е (едно од најдобрите масла за лекување на оштетената кожа, кој исто така е исклучително богат извор на антиоксиданти).

Јаболкото е исто така една од состојките во оваа маска и е богат извор на витамин А (одличен за регенерирање на надворешниот слој на кожата), витамин Б (помага во намалување и контрола на пеги) и витамин Ц (што го забавува процесот на стареење). Исто така, содржи јаболкова киселина, која и помага на кожата да ги апсорбира споменатите витамини.

Третата состојка е морско оревче, кое само дополнително ги подобрува својствата на претходните две состојки и делува како благ ексфолијатор.

Потребни состојки за подготовка на маската:

1/4 зрели, меки праски

1/4 јаболко

1/2 лажичка морско оревче

Измешајте ги состојките во блендер за да добиете конзистентна паста која ќе ја нанесете на чисто лице. По петнаесет минути, извадете ја маската со топол пешкир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *