Маската од жолчки е прекрасна за секој тип на коса: резултатите брзо ќе ве изненадат!

15 април, 20200
маска за коса 1

Дамите со векови наназад користеле жолчки како природен производ за нега на косата, а овој алтернативен beauty тренд се пренесува од генерација на генерација.

Некои експерти за природна нега за убавина посочуваат дека жолчките можат да го стимулираат растот на косата. Жолчката содржи сулфур, елемент кој е важен за негување на вашата коса. Се верува дека овој елемент директно влијае на скалпот и коренот на косата и со тоа го стимулира нејзиниот раст.

Исто така, жолчката содржи протеини кои ја хранат косата и маснотиите кои имаат позитивно влијание врз сувите и оштетени краеви.

Маснотијата лецитин содржана во јајцето помага во регенерацијата на косата, и честопати е состојка во многу производи за убавина.

Рецепт за маска за коса од жолчки

Изматете 2 до 3 цели јајца со 2 до 3 капки сок од лимон. Навлажнете ги рацете во смесата, а потоа нанесете на целата коса, од скалпот до краевите. Врзете ја косата и ставете капа за туширање. Чувајте ја маската околу 20 минути, а потоа исплакнете и измијте ја косата со шампон. Повторувајте го овој третман двапати месечно. Постојат различни видови на маски за коса од жолчки, така што во маската можете да додадете и банана, мед, кокосово масло или маслиново масло.

Забелешка: Маската не треба да ја користат луѓе кои имаат алергиски реакции на јајца. Важно е да се консултирате со вашиот дерматолог пред да ја користите маската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *