МНОГУ ЛЕСНО! ЕВЕ КАКО САМИ ДА ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО КУТИКУЛИТЕ!

13 јуни, 2020
kutikuli

Кутикулите не се само естетски проблем…

Правилната нега на ноктите вклучува и соодветна нега на кожата околу ноктевата плоча, поточно кутикулата, која е составен дел на секој добар третман со маникир.

Кутикулите го рушат изгледот на секоја рака, дури и кога имате убави и средени лакирани нокти, ќе изгледате неуредно и запоставено. Но, проблемот не е само во естетиката. Тие мора да бидат третирани за да се спречи инфекција, што доведува до гнојно воспаление, што е исклучително непријатно и болно, па дури може да доведе до губење на ноктите.

Заздравувањето е лесно, а пред сè мора да се откажете од лошите навики и да усвојувате добри. Треба веднаш да престанете да ги гризете ноктите и кутикулите.

Можете сами да направите крем против кутикули. Еве го рецептот:

Измешајте една лажичка глина, лажичка маслиново масло и три капки есенцијално масло од лаванда додека не добиете кремаста маса. Чувајте го кремот во стерилна тегла и користете го еднаш на ден.