Многу жени би се откажале од сексот во замена за совршено тело!

1 јуни, 20200
zena 2

Околу 50 проценти од жените го мразат изгледот на нивните стомаци, додека за 29 проценти од жените, најкритична област се бутовите. Повеќето жени се посветуваат на вежбање само во пролетните месеци за да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47 проценти од нив признаваат дека прават стомачни и други вежби за струкот.

Притисокот да ослабат пред летото го чувствуваат 82 проценти од жените, а 68 проценти од нив би се откажале од секс за еден месец, па дури и повеќе ако за возврат добиле совршено тело, открила студија од магазинот „Shape“.

Благодарение на популарноста на социјалните мрежи и зголемувањето на објавувањето фотографии од плажа, жените се плашат дека нивните „несовршености“ ќе бидат видливи за јавноста. Околу 90 проценти од жените велат дека никогаш не би ја „лајкнале“ фотографијата од себеси во бикини, а 44 проценти од нив би побарале од пријателот/пријателката да избрише сликата од нив во костум за капење или барем да побара да го тргне тагот од фотографијата.

Половина од жените велат дека се чувствуваат најудобно во костимот за капење во друштво на своите пријатели или партнери, 18% од нив исто така се чувствуваат добро во друштво на машки пријатели. Помалку од 10 проценти од жените се чувствуваат привлечно во костим за капење ако се меѓу странци.

Губење на килограми пред летото

Околу 60% од жените редовно одат на диета пред летото, 53% од нив ги бројат калориите, а 22% од нив се откажуваат од јаглехидрати, покажа истражувањето.

Во денешната култура која го слави физичкото совршенство, популарно е мислењето дека САМО со мускули,тонирани и без влакна на телото, телата изгледаат добро во костум за капење, а тоа предизвикува комплекси кај многу жени, сметаат психолозите, пренесува Daily Mail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi