Најдобар лек против сонце: Ова е најбрзиот начин за смирување на кожата!

11 јули, 20200
Annotation 2020-07-11 17155к

Ако сте претерале со сончање, ние имаме решение за вас

Кога ќе дојде летото, заштитата на кожата треба да биде пред се. Пожелно е да се нанесе крем со заштитен фактор, избегнувајќи го сонцето помеѓу 10 и 17 часа. Но, иако ги следите сите овие правила, доволно е само малку невнимание за да добиете изгореници наместо тен.

Ако се најдете во таква ситуација, ова е најбрзиот начин за заздравување на оштетената кожа.

Надокнадете ја изгубената течност

Изгорениците извлекуваат течност од телото, така што постои можност за дехидрирање. Најдобро е да се надомести изгубената течност со консумирање доволно вода или ладен чај.

Хидрирајте ја кожата

Избегнувајте употреба на сапуни и козметика со агресивни состојки како што се масла, емулгатори и парфеми кои дополнително ќе ја иритираат оштетената кожа. После туширање нанесете крем што ќе ја хидрира кожата, а најдобро би било доколку станува збор за крем наменет за деца.

Во оваа ситуација, природните лекови исто така добро ќе ви дојдат

Домат

Антиоксидансите од доматите се добра превенција против инфекции што можат да се појават после сончање. Направете каша од доматот ставајќи ја во блендер или измешајте ја со вилушка, а потоа ставете ја во фрижидер да се излади. Додека смесата е сè уште ладна, нанесете ја на изгорениците и оставете ја да отстои половина час, а потоа извадете ја со влажна крпа.

Краставици

Бидејќи ја стимулираат циркулацијата и природно ја враќаат влажноста на кожата, краставиците се исто така одлично решение за сончање. Исечете ја ладната краставица на прстени, а потоа нанесете ги на кожата. Оставете ги да отстојат околу 20 минути, а потоа заменете ги со нови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi