Најпопуларната пролетна фризура што ја носат сите француски трендсетерки

2 мај, 2020
шик-фризура

Трендовите што се враќаат јасно е дека не се веќе актуелни само во модата.

2020 година ни донесе бројни новости, новости од минатите епохи! Рециклираните трендови нè осветлуваат од сите страни, без оглед дали се моделите и формите на облеката што го оживуваат духот од 80-тите и 90-тите години или нијансите на живописни тонови што не можевме да ги замислиме да ги ставаме на очните капаци, освен ако на крајот не се зафативме во маскенбал.

Меѓутоа, кога станува збор за модата, поточно трендови – какви било, тогаш навистина заборавете ја таа славна изрека „никогаш“.

Една „никогаш“ од категоријата трендови за фризури штотуку го негираше целиот свет на убавина, и секако благодарение на Французите.

Фризурата која доаѓа директно од 70-тите години, таканаречената „shag cut“ повторно се оживеа на улиците на Париз и во овој случај на социјалната мрежа Инстаграм, кај многу познати и помалку познати француски трендсетерки.

Како и секогаш кога станува збор за француските жени, ноншалантниот шик е нивниот заштитен знак, а тоа вклучува, на пример, овој вид фризура: оној што изгледа уредно и во исто време многу невнимателно, па дури и како сега да сте станале од кревет.

Тоа е фризура дизајнирана од британскиот фризер Пол Мек Грегор во текот на 70-тите години на минатиот век, и вклучува слоеви на коса кои се сечат кратко на врвот и главата на начин што практично изгледа како круна на косата, а патецот е секогаш длабок.

Оваа фризура ја носеше едно време Џоан Џет, Дејвид Боуви, Мик Џегер, Род Стјуарт, Дејвид Касиди, Џејн Фонда, па дури и Мег Рајан ја носеше во раните 2000-ти.

Французите, сепак, овие денови ја носат малку поинаку.

Поточно, „shag cut“ главно се однесуваше на нешто пократка коса, но тоа може воопшто да не биде така, напротив!

На овој начин, можеме слободно да заклучиме врз основа на најновиот тренд – изгледа подобро ако е стилизирано на подолга коса или онаа должина до рамо.

Фризерите велат дека е логично овој тренд да оживее, бидејќи е тотално шик и изгледа прекрасно!

View this post on Instagram

Tiredness 1 – 0 me

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez) on

View this post on Instagram

Is there anybody out there out there out there….

A post shared by Alexa Chung (@alexachung) on