Направете сами! Природен крем против брчки од само 3 состојки!

15 април, 2020
brcki

Одамна се зборува дека кокосовото масло е добро за кожата, а некои експерти тврдат дека е многу подобро и од некои креми за стареење и затоа треба да се користи секојдневно.

Масната кожа може подобро да “одолее” при појавата на брчки, утрвдено е во едно јапонско истражување, а нанесувањето на кокосово масло може да помогне во тоа. Освен тоа, маслото стимулира производство на колаген, протеин кој ги поврзува ткивата и коj е важен за еластичност и младешки изглед на кожата.

По 30тата година производството на колаген почнува да се намалува, па појавата на брчки е сè поизвесна. Сепак, експертите велат дека со редовно користење на кокосовото масло на кожа, може да се поттикне производството на колаген и така да се ублажат брчките.

Истражувањата покажале и дека кокосовото масло содржи антиоксиданти кои го успоруваат процесот на правење брчки и така се одложува процесот на стареењето на кожата. Оксидацијата е една од главните причини за стареење на кожата, а кокосовото масло може да ја намали штетата која ја нанесуваат слободните радикали

Кога станува збор за кожата, дерматолозите препорачуваат да се користи девствено кокосово масло, а еве и рецепт за ноќен крем кој можете да го направите сами и да ги “испеглате” брчките.

Состојки:

– Пола шолја девствено кокосово масло

– Пола лажица масло од витамин Е

– Пола лажица масло од лимонска трева

Подготовка:

Кокосовото масло ставете го во сад и изматете го да добие пенаст изглед, па потоа додадете ги маслата и измешајте. Кремата чувајте ја во стаклен сад на суво и ладно место. Вака подготвена кремата може да трае околу еден месец.

Кремата нанесувајте ја секој ден пред спиење, за да ги ублажите постоечките брчки, или да ја одложите појавата на нови.