Направете си сами омбре нокти! Многу е едноставно, а и ефтино!

15 мај, 20200
nokti

Ноктите во тонови, наречени омбре нокти, вклучуваат лакирање на секој нокт во посветла нијанса од претходниот.Такви нокти имаат носено и Џиџи Хадид и Кајли Џенер.

Овој вид маникир или омбре нокти е идеален за оние кои се недолучни, и на крајот на краиштата, зошто да изберете една боја, ако можете да имате пет? Исто така, друга предност на овој маникир е тоа што не мора да купувате ништо. Исто така, за разлика од многу видови маникир за кои се потребни вешти раце и специјални алатки, лесно можете сами да го направите тоа.

Експертот за маникир, Ема Велс, која работи со Римел Лондон и исто така ги направи ноктите за Анџелина Џоли, Блејк Лајвли и Салми Хајек, вели дека кога станува збор за боите, сè минува. Ако сте тип кој сака “nude” нијалси, праска или нијанси на розова боја ,вие се совршени за овој вид маникир. Ако претпочитате светли нијанси, осмелете да користите нијанси како зелена, сина, црвена или портокалова боја. Што се однесува до материјалите за изработка на овој маникир, најверојатно имате сè дома дома во плакарот.

– Комбинирање на две бои ви овозможува да постигнете различни нијанси со иста боја – објаснува Ема и додава дека можете да го направите ова со нанесување на еден слој лак на врвот на друг или мешање на нив во мала чинија пред лакирањето. Можете да користите бисерна боја или некоја боја што се прелева за да на крајот да им дадете на ноктите сосема поинаков изглед.

Истурете неколку капки различни бои во мал сад и промешајте за да добиете сосема нова боја или само додадете посветли нијанси на потемни за да создадете нови бои и омбре ефект.

Ема користи малку алуминиумска фолија на која може да се мешаат боите и лажичка за мешање. Исто така, ќе ви треба чиста четка за да ја нанесете новомешаната боја. Таа користела четки од некои лакови што се исушиле, па само темелно ги чистела со ацетон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi