18 февруари, 2020

Радио

Кога последен пат сте се истуширале со ладна вода? Веројатно кога вашиот бојлер бил расипан или сте ја потрошиле целата топла вода. Но, сè повеќе луѓе ги менуваат своите навики и се откажуваат од удобната, примамлива, топла бања.

Абигаил Рикард, професорка на универзитетот Гринич, вели дека туширањето со ладна вода има многу здравствени придобивки. „Има позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, мускулно-скелетниот систем, го подобрува имунитетот, менталното здравје, го забрзува нашиот метаболизам, потенцијално согорување на маснотии и дури може да ве направи уште поубави“, рече таа за  HuffPost UK.

Првото нешто што ќе забележите кога ќе застанете под ладен млаз е тоа што ќе добиете нагон да земете длабок здив. И покрај почетниот шок, срцевиот ритам ќе започне да забавува.

„Вашето тело ќе обезбеди доста кислород, што значи дека мозокот, срцето и белите дробови ќе функионираат во најдобар ред“, објасни Рикард.

Но, туширањето со ладна вода, исто така, влијае и на вашиот изглед.

„Туширањето со ладна вода ќе ги затвори порите на вашата кожа  и ќе направи кутикулите во вашата коса да бидат прави, така што вашата коса ќе биде сјајна и здрава“, објаснува Др. Рикард.

Остави коментар

Почетна // живот // Неколку одлични причини да почнете да се туширате со ладна вода
Горе