18 февруари, 2020

Радио

Наместо дома, пилинг во движење!

Убавите усни изгледаат привлечни за секого, но бараат дополнителна нега, исто како и лицето! Затоа потребен ни е ефикасен и практичен производ за нега на усни што можеме да го користиме насекаде и во кое било време. Новиот Labello Caring Scrubs Balsam ги прави усните СУПЕР меки за многу кратко време. Нежните честички за пилинг ги отстрануваат изумрените клетки, но не ја иритираат кожата. Овие честички едноставно се раствораат кога ги размачкувате усните, без дополнително да ги бришете или исплакнете.

Нова формула на лабело – сензација на годината!

Новиот Labello Caring Scrub Balsam е првиот Labello пилинг за усни во стик за нега на усни. Содржи природни честички од пченкарен скроб создадени за пилингот. Овие честички се многу нежни за кожата, во споредба со другите состојки на останатите пилинзи, како што е шеќерот кај другите брендови. Она што е најдобро кај овој балсам: нема бришење. Со замачкување на усните, честичките се раствораат и ги прават усните свилени мазни. Почувствувајте ја грижата која ви ја пружи Labello!

Labello Caring Scrub балсамот е достапен во две фантастични ароми – алое вера и масло од шипка, а може да се користи и како основа за нанесување кармин. Новиот Labello Caring Scrub ги прави вашите усни неодоливо меки – секаде, во секое време. Стикот има практично пакување со необична структура за да може полесно да го пронајдете во вашата торба!

Збогум испукани усни!

Зошто пилингот на усните треба да биде составен дел од вашиот дневен ритуал?
Пилингот ги отстранува изумрените клетки и испуканиот слој на кожата. Покрај тоа, тој ја подобрува циркулацијата на крвта и ја нагласува природната боја на усните. Резултатот е фантастичен: свиленкаста мека кожа и природна розова боја на усните.

Остави коментар

Почетна // живот // Новиот Labello Caring Scrub Balsam е совршен за нега на усните и ги прави меки
Горе