Одлични трикови за отстранување на подочниците: Темните кругови исчезнуваат за 10 минути!

17 јуни, 20200
oko

Подочниците знаат да бидат вистински кошмар за секоја жена. За среќа, има трикови кои ги отстрануваат со неверојатна брзина

Бројни креми се дизајнирани да ги отстранат темните кругови, но пред да ги испробате сите чуда на козметиката, дајте им шанса на овие трикови кои можете да ги пријавите со помош на неколку работи што веќе ги имате во кујната.

 На овој начин темните кругови и торбичките под очите ќе исчезнат многу брзо.

1. Изладете еден компир во фрижидер. Исечете го на парчиња, добро измијте го и ставете го врз очните капаци. Лежете со парчињата на очите 10-15 минути и потоа исплакнете го тој дел од лицето.

2. Обидете се со свежи краставици. Постапката е иста како и кај компирот.

3. Изладете 2 лажици во фрижидер и ставете ги на очите неколку минути.

4. Зачувајте ги искористените кесички од камилица или зелен чаји, ставете ги на чинија, а потоа во фрижидер. Следното утро, ставете ги кесичките врз очните капаци и оставете ги да го одработат своето. По 10 минути, нежно исплакнете ја истата област.

Откако ќе примените една од овие методи за да ги ублажите отечените подочници, нанесете коректор. Ако вашите кругови под очите се во виолетови нијанси, најдобриот коректор за вас е жолтиот. Ако сè уште имате сини кругови под очите, изберете портокалов коректор.

Откако ќе прикриете со коректорот соодветен за вас, нанесете обичен коректор во нијанса посветла од пудрата што ќе ја користите. Изберете ги оние што се поретки и повеќе течни. Густите прикривачи не се добра идеја затоа што ќе оформат мали брчки околу очите и ќе ги потенцираат, а никој не го сака тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *