Ова е моменталната хит фризура за по дома!

21 април, 2020
dzen

Додека сонуваме за фризура или боја на косата кои ќе ги направиме кога оваа ситуација ќе остане зад нас, постои еден тренд кој е многу лесно да се следи, а за кој може и да не сте свесни дека го “фурате”. Станува збор за трендот наречен “разлетани врвови”, а всушност се работи за културен израз за израснатите слоеви. Бидејќи не сме во можност да користиме професионален третман за косата, таа се витка и станува бушава.

Баш како Џенифер Анистон

Додека се чини дека овој тренд настанал сега од чиста случајност, пред петнаесет години жените намерно барале вакви фризури во фризерските салони, фризура како да не си се трудела воопшто, а изгледаш сјајно. Предводник на оваа фризура била Џенифер Анистон.Овој тренд одговара на сите должини и типови на коса. Тоа што врвовите се подраснати, не мора да значи нужно лоша фризура. Напротив! Но, и овој тип на фризура бара нега, за да не се доведете во ситуација да изгледате премногу неуредно.

Интересно е што оваа фризура се нарекува и “анти- фризура”, бидејќи можете да ја имате веднаш по станувањето од кревет. Фризерите често се борат со разлетаната и нестилизирана коса, но по се изгледа дека светот навистина се менува бидејќи оваа фризура во моментов е промовирана токму од нив, како сјајно решение кое и овозможува обнова на косата.