Овие трендови за шминкање се доказ дека летото не е откажано (ФОТО)

10 јуни, 2020
sminka

Трендови за шминка што ќе ги обожавате

Станува се потопло надвор и знаете што значи тоа: време е за посветли нијанси на сенки за очи, светкави, полесни пудри и екстра светкав исцртувач за очи.

Иако ова лето нема да биде исто за многумина како претходното, секако поради пандемијата на коронавирус, која сè уште владее во многу земји во светот, во никој случај нема да биде „откажано“. Затоа, бидете подготвени за сите настани што ве чекаат со доаѓањето на убаво време.

Носењето маски како превенција од ширењето на вирусот стави акцент на очите кога зборуваме за трендовите на шминка оваа година. Оние кои веќе се љубители на исцртувачот за очи, ќе имаат можност да го зачинат својот стил со необичен тренд кој  ги обликува очите.

Ако сте ја одбрале сенката за очи да биде акцентот на вашиот изглед, нека биде мат боја и нанесете без прецизни линии. Што се однесува до остатокот од лицето, затемнети образи и малку затемнето лице со користење на бронзар се секогаш одлична опција.

Погледнете неколку новини и наши предлози за тренд на летна шминка.

Бакнеж од сонцето

Ништо не асоцира подобро на летото од затемнетата кожа. Погледнете што предложува уметникот за шминка Нам Во:

Негативен простор

Дали ви се допаѓа мачкасти очи? Одлично! Рамка со исцртувач за очи е уште поинтересна. Познатиот шминкер Ники Волф го создаде овој тренд продолжувајќи ја линијата за eyeliner елегантно над целиот очен капак и цртајќи ја рамката за очи.

Меки розови тонови

Ако премногу се потите, одберете го овој изглед

Виолетова сенка

Изразита сенка на очите е во тренд, но виолетовата е вистински хит. Од лаванда па до сите нијанси на виолетова се вистинскиот избор.

Сатенски усни

Тие не се премногу сјајни, и не се мат, сатенските усни се совршен избор за 2020 година.

Светли мат сенки

Трејси Елис Рос демонстрира необичен тренд на шминка – сенка на делови!

Неонски исцртувач

Светли сенки не се за вас? Изберете го овој светкав исцртувач кој ќе го придружува секој стил и ќе ви даде шик нота!

View this post on Instagram

🎨 @jessikabvillegas // #makeup #hair

A post shared by Brittany Sullivan (@brittsully) on