Сакате да ги симнете килограмите лесно и брзо: Видете ги искуствата на жени кои успеале во тоа!

30 септември, 2020
girl-11547341920-830x0


Хана Пек ослабе 34 килограми за 18 месеци, благодарение на специјалната стратегија која вклучуваше секојдневна физичка активност и малку грижа за подготовка на храна. Таа не се откажуваше од своите навики дури и за време на карантин.

Image may contain: 2 people, people standing, text that says 'Before After'

1. Контролирајте ги порциите

Грижата за количината храна што ја јадете мора да биде на врвот на вашите приоритети. Ако претерате, нема спас за вас – ќе добиете тежина!

2. Бидете физички активни

Некои жени треба само да пешачат секој ден, а понекогаш прават вежби со тегови за да бидат во форма. Некои други ќе мора да се потат со часови во теретана за да започнат процес на слабеење. За да постигнете побрзи резултати, комбинирајте пешачење со трчање. Вклучете тренинг за силата, бидејќи помага во побрзо градење на мускулите, што значи дека ќе согорувате повеќе калории дури и кога седите или спиете.

3. Исклучете преработена храна

Јадете храна, а не производи. Заменете го белиот леб и печивата од бело брашно со интегрални тестенини – ќе бидете сити подолго.

Кајли изгуби 37 килограми за неколку месеци само благодарение на фактот што го исфрли шеќерот од својата диета. Гранолата, мусли, колачи, слатки и солени закуски што ја сочинуваа основата на нејзиното мени пред да започне со предизвикот и да се приклучи на групата „Здрава мама“, станаа минато.


Ким Вајт ослабе 37 килограми за 13 месеци, а нејзиниот најсилен мотив беше бројот на вагата.

– Дури и да изгубите само половина килограм, тоа може да биде одлична мотивација да продолжите со нови, здрави навики – тврди Ким. Таа, на пример, креваше онолку килограми колку што ослабеше секогаш кога ќе ослабеше. Најсреќна, вели таа, била кога бројот на вагата покажал дека станала полесна за 30 килограми.

– Ја подигнав ќерка ми тешка 30 килограми, изгубив цела мала личност, и тоа беше мојот најголем успех – вели Ким.

Image may contain: 4 people, people standing