Само на овој начин можете правилно да ги измиете четките за коса: Целата нечистотија исчезнува за момент!

13 мај, 2020
коса

Популарниот експерт за чистење Софи Хинчлиф, попозната како г-ѓа Хинч, тврди дека четката за коса треба да се мие најмалку еднаш месечно. Таа го сподели својот метод за отстранување на нечистотијата од четката, покажувајќи ја постапката на секој чекор – и резултатите се позитивно шокантни.

Почнала со отстранување на сите влакна. Следниот чекор е да го наполните мијалникот со топла (но не врела) вода, а потоа да ја потопите четката одвнатре за да ја натопите добро.

Г-ѓа Хинч потоа додава една лажичка течност за миење садови и една лажица оцет во водата бидејќи таа тврди дека оцетот помага во отстранување на бактериите и микробите. Оставете ја четката да отстои најмалку еден час.

За ова време, ќе видите како бојата станува кафеава или црна од нечистотијата што постепено се отстранува од четката или чешел.

Потоа исплакнете ја четката или чешелот под проточна вода.