СЕ ПЛАШИТЕ ЛИ ОД БОЛКА? Вие не сте единствени. Еве како изгледа периодот на опоравување по пластична операција

6 септември, 2020
plasticna_hirurgija

Ако некогаш сте размислувале да направите пластична операција некои од главните проблеми што се јавуваат се: Како изгледа процесот на опоравување? Дали е болно? дали ке останат лузни? И колку време е потребно за телото да се врати во нормала?

Јасно е дека има навистина многу прашања и со оглед на тоа што јавноста перцепира за пластична хирургија особено за време на пандемија. Ова е вистинското време да се бараат одговори.

Колку време е потребно за да зарасне раната по пластична операција?
Периодот на опоравување зависи од тоа каков вид на операција сте направиле, но генерално може да очекувате да трае во период од 2 месеци.

Природниот процес на заздравување на раната трае помеѓу 6 и 8 недели додека раната целосно не се залечи. Честопати луѓето ќе се чувствуваат сосема нормално по еден месец но во внатрешноста на телото процесот на лекување сè уште трае. Затоа е најдобро да се одморите во тој период и да не се напрегате на погодената област на кој било начин за да имате што подобри резултати.

Како можете да го направите процесот на опоравување што е можно безболен?
Совет број еден за време на закрепнувањето е да се следи добра диета. Повеќето пациенти имаат намален апетит во овој период и токму тогаш им требаат двојно повеќе калории од нормалното за правилно закрепнување. Подготовката пред операцијата е исто така важна што бара здрава исхрана, оптимална тежина и целокупно добро здравје со цел телото да биде што поподготвено за процесот што следи.

Што можете да направите за да им помогнете на лузните да зараснат правилно?
Најдобар начин правилно да ги лекувате лузните е редовно да ги чистите со вода и сапун. Кога лузната целосно заздравува и нема повеќе краста и лупење се препорачува да се користат силиконски завои за рани. Тогаш лузната треба да се масира за да се израмни.

escort - Korsan taksi