Сет за шминкање со кој ќе посакате да готвите!

23 април, 2020
bjuti

Периодов додека владее социјалното дистанцирање, многу луѓе започнаа да печат многу почесто од вообичаено. Без разлика дали преферирате повеќе банана леб или домашни цимет стапчиња, секој ќе се заљуби во новиот сет од четки за шминкање на очи кој е совршена потврда и награда за вашиот труд во кујната.

Сетот содржи алатки за печење и гарантира дека ќе ви помогне да ја “испечете” вашата шминка на многу забавен начин додека сте дома. Сетот треба да излезе во продажба ова лето, баш во време кога на сите ќе ни треба помош за да блеснеме повторно.

Производот е комплетно вегански, а е во производство на Beauty Bakery.