Што е вампирски третман на лице и кои се неговите придобивки?

28 јули, 20200
vampirski

Што е вампирски третман на лице и кои се нејговите придобивки?

Вампирскиот третман на лице е всушност таен рецепт за мазна, зрачна и подмладена кожа

Како што знаеме, крвта нè одржува во живот. Нејзината функција е да транспортира кислород во нашите клетки, да ја регулира телесната температура и да го одржи нашиот имунолошки систем. Сега, експертите откриле како крвта влијае на нашиот изглед, т.е. убавината, со помош на таканаречениот вампирски третман на лицето, што подразбира „извлекување крв и нејзина стратегиска примена на кожата“. Ова е магичен третман.

„Основната идеја зад овој необичен третман на лицето е неговата чудотворна лековита моќ“, вели д-р Ричард Фршајн, кој е специјализиран за интегративна медицина во Њујорк.

– Кога имате некаква рана, тромбоцитите во крвта „брзаат“ до повредата, затоа што тие имаат задача да ја лекуваат. Земете го тој исцелителен механизам и пренесете го на кожата и ете – ќе бидете подмладени, освежени, едноставно ќе заблескате – тврдат експертите.

 Еве што треба да знаете за овој, вистина по малку застрашувачки, но многу ефикасен вампирски третман за лице …

Што е толку посебно во крвта?

Во вашата крв има четири главни елементи: црвени крвни зрнца бели крвни зрнца, тромбоцити и плазма.

– Црвените крвни клетки носат кислород во вашето тело, додека белите крвни клетки се борат против инфекции, вируси и бактерии. Тромбоцитите наоѓаат и третираат оштетувања – вели споменатиот доктор.

Тромбоцитите се во плазмата и тие се оние што ни требаат кога станува збор за овој третман, односно ни требаат нивни лековити сили.

– Нивната основна функција е да го намалат воспалението што предизвикува секакви проблеми, од стареење до акни – вели тој.

– Тромбоцитите се исто така неверојатен извор на фактори на раст, така што тие извршуваат различни функции кои влијаат на кожата, вклучително и конструкција на колаген.

Како настана вампирскиот третман на лице

– Преработката на крв наречена центрифугирање привлече големо внимание пред неколку години кај лекарите специјализирани за спортска медицина – вели дерматологот Сехал Ша.

– Имено, тие откриле дека неговата лековита моќ може да помогне многу во случај на повреди на спортистите.

Барбара Штурм, доктор по естетика и пионер во оваа област, објаснува:

– Инјектирав пациенти со сопствена плазма богата со тромбоцити со забрзани фактори на раст и други антиинфламаторни протеини, во областа на повредата со цел подобрување на заздравувањето. (Нејзиниот третман беше наречен “Коби” затоа што таа го искористи за да и помогне на кошаркарската ѕвезда Коби Брајант кога го повреди коленото)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *